НАТО
Ердоган: Известивме дека ќе кажеме „не“ за членството во НАТО
19.05.2022 16:13
Анкара вели дека Шведска и Финска поддржуваат луѓе се поврзани со Курдската работничка партија, курдската милиција во Сирија и со Фетулах Ѓулен, кои таа ги смета како терористи...

Турскиот претседател Ердоган изјави дека ги известил своите сојузници дека ќе каже „не“ за приемот на Шведска и Финска во НАТО.
Повтори дека двете скандинавски држави им даваат засолниште на терористи и ги финансираат и снабдуваат со оружје.
Анкара вели дека Шведска и Финска поддржуваат луѓе се поврзани со Курдската работничка партија, курдската милиција во Сирија и со Фетулах Ѓулен, кои таа ги смета како терористи.
