Србија

Обдукцијата потврди дека телото извлечено од Дунав е на Матеј Периш

19.05.2022 16:21

Според првичните информации од обдукцијата, причина за смртта е давење.

Телото коешто беше извлечено од реката Дунав во Белград е на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, на кого му се изгуби трагата на 30-ти декември минатата година во Белград.

Според првичните информации од обдукцијата, причина за смртта е давење.

Според познавачите на Дунав можно е телото да излегло сега бидејќи температурите се повисоки, а во Белград дувал силен ветер.