Австрија
Сообраќајна несреќа на автобус од Косово
19.05.2022 16:26
Автобус кој се движел од Косово кон Хановер удрил во бетонска преграда на австрискиот автопат А1 во близина на Салцбург...

Автобус кој се движел од Косово кон Хановер удрил во бетонска преграда на австрискиот автопат А1 во близина на Салцбург. Во автобусот имало 28 лица. Неколкумина повредени побарале помош.
„Им пруживме прва помош колку што можевме. Силите на црвениот крст мораа да ги остават своите автомобили во сообраќајниот метеж и да одат до местото на несреќата. Има 3 тешко повредени и 11 полесно повредени, другите делуваа неповредени“, изјави Кристијан Пуц од волонтерската противпожарна бригада Еугендорф.
