РАКОМЕТ

Веспрем и Кјелце се пакуваат за Келн, има уште две места

19.05.2022 16:13

Во досегашните партиципирања Веспрем има 5 финалња, но ниту еднаш го нема освоено престижниот континентален ракометен пехар. Последен пат за него сонуваше 2019-та кога беа поразени од наш Вардар.

Веспрем и Кјелце се првите патници за Келн на ракометната завршница од елитната Лига на Шампиони. И покрај синоќешниот пораз на унгарскиот шампион на гостувањето во Данска кај вице европскиот првак Алборг 37:35, седумте плус кои  ги имаа како појдовна позитива од првиот натпревар ги делигира Веспрем по 10-ти пат меѓу 4-те тима за трофеј. Во досегашните партиципирања Веспрем има 5 финалња, но ниту еднаш го нема освоено престижниот континентален ракометен пехар. Последен пат за него сонуваше 2019-та кога беа поразени од наш Вардар.

17 кратниот полски шампион Кјелце пак, по 5-ти пат е дел од големата ракометна 4-ка во Келн, во која влегуваат и како освојувачи на пехарот од 2016-та кога го однесоа финалното славје преку пенали со најголемиот губитник во завршниците, Веспрем. Кјелце синоќа без мака само го потврди она што го започна на првиот ¼ финален меч во и кај Монпеље, триунфално, за декласирачки кон францускиот тим дома ја довршат фајнл-фор потврдата низ високи 30:22.

Вечерва следи пополнување на преостанатите две места за Келн. Актуелниот шампион и најтрофејна екипа во најмоќното ракометно континентално друштво со 10 титули Барселона, влегува во костец со Флензбург за 15-та клубска евро завршница, бидејќи Барса стартува со 4 позитива остварени пред осум дена на гостувањето во Германија. Историјата на меѓусебни соочувања исто во целост влече на шпанска страна, или во досегашните 12, само еднаш позитивата е за Флензбург.

Кил и ПСЖ стартуваат од 0:0, или 30:30 по париските 60 минути минатата недела. Ланската сезона елиминацијата од супер четворката Кил ја доживеа токму од ПСЖ, тогаш како бранител на европсиот трон. Ова води кон потребата за реванш, или пак наметнување на дополнителна француска фрустрација. И обата тима и на Раул и на Јуха имаат искуство од натпревари под силен напон, особено што влогот е голем, место во трофеен расплет во кој, доколку се германците ќе им бидат по 12-ти пат,а имаат четири трофеи. Доколку победник бидне ПСЖ, би им било шесто учество во кое имаат едно загубено финале и тоа од Вардар.