Ајнтрахт ја освои Лига Европа
Во финалето на Лига Европа одиграно во Севилја регуларниот дел и продолженијата донесоа два гола.

Престижниот трофеј во второто по ранг европско фудбалско натпреварување по 42 години и само втор пат во клупската историја по освоениот куп на УЕФА во 1980-тата ќе ги краси витрините на Ајнтрахт од Франкфурт. Во финалето на Лига Европа одиграно во Севилја регуларниот дел и продолженијата донесоа два гола.
Во 57-та минута со голот на Џо Арибо поведе екипата на Глазгов Ренџерс,но требаше да минат само 12 минути за Ајнтрахт да го израмни резултатот со голот на РАфаел Боре.Откако резултатот остана ист и по 120 минути во пенал рулетот фудбалерите на Ајнтрахт ги погодија сите 5 удари од белата точка,додека кај ренџерси не успеа Ремзи што беше повод за големо славје во Франкфурт.
