НБА

Голден Стејт супериорно до 1:0

19.05.2022 16:19

Голден стејт отвори со 28-18 ,34-24 во третата четвртина и без проблеми стигна до водсво со 1-0 предводен од Кари со 21 поен и 12 скока...

Во доминантна игра препуштајќи му на противникот само една четвртина и таа со само поен разлика, екипата на Голден Стејт со победа над Далас со 118-107  ја отвори серијата подобар од седум од финалето на западната конференција.

Голден стејт отвори со 28-18 ,34-24 во третата четвртина и без проблеми стигна до водсво со 1-0 предводен од Кари со 21 поен и 12 скока,помогнат од Вигинс кој запиша 19 поени,додека кај Далас Дончиќ беше нејефикасен со 20 поени,7 скока и 4 асистенции, но премалку за победа на маверикси.Рано изутрина во 2 и 30 по полноќ ќе биде одигран вториот натпревар од финалето на истокот меѓу Мајами и Бостон,серија што Мајами ја отвори со победа од 118-107  и повторно ќе ја има предноста на домашниот терен во вториот натпревар.