Македонија
Утре нова средба МТСП- СОНК
19.05.2022 18:26
Разговорите се водат за исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот.

Утре нова средба меѓу претставниците на Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот за образование наука и култура. Разговорите се водат за исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот.
Ставовите и на двете страни се приближени. До крајот на неделава се најавува заедничко прифатливо решение во рамките на законите.
Потребно е време за да можеме предлозите од СОНК и Министерството за труд и социјална политика да ги усогласиме во нашите институции и да изнајдеме конечно решение, се согласија на последната средба, Тренчевска и Неделков.
