Култура

Отворен повик за 13-от Фестивал за кратки филмови „Balkans Beyond Border“

19.05.2022 16:09

Фестивалот првпат ќе се одржи во земјава и тоа во Битола, откако во последните 12 години патуваше во Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад, Измир и Приштина.

Balkans Beyond Borders (BBB) ги повикува младите македонски режисери да ги пријават своите филмови на 13-то издание на интернационалниот фестивал за кратки филмови.

Фестивалот првпат ќе се одржи во земјава и тоа во Битола, откако во последните 12 години патуваше во Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад, Измир и Приштина. Фестивалските награди ќе ги додели жири составено од познати професионалци од филмската индустрија. Наградата за најдобар филм е 1.000 евра, а ќе биде доделена и награда за најдобар дебитантски филм, специјални признанија и награда од публиката.

Конкурсот е отворен за младите уметници од Балканот и пошироко, а рокот за пријавување е до 31-ви мај оваа година.