Одбрана
Шолц: Шведска и Финска ќе влезат во НАТО
19.05.2022 20:15
Сите сакаат Шведска и Финска брзо да станат членки, па убеден сум дека ќе успееме да донесеме заедничка одлука, рече Шолц на прес-конференција со неговиот холандски колега Марк Руте...

Убеден сум дека Шведска и Финска ќе успеат да влезат во НАТО. Германија прави се што е можно тоа да се случи, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц при посетата на Холандија.
Сите сакаат Шведска и Финска брзо да станат членки, па убеден сум дека ќе успееме да донесеме заедничка одлука, рече Шолц на прес-конференција со неговиот холандски колега Марк Руте.
Канцеларот повтори дека Германија ги поздравува кандидатурите на нордиските земји и додаде дека има впечаток дека многу други земји го делат неговото мислење, наведуваат британските медиуми.
