Отворени деновите на образование и кариера
Пред амбицијата да го продолжат образованието и да градат кариера, матурантите добија можност на едно место да слушнат што нудат триесетина универзитети од земјава и странство. Во понудата и програмите за стипендија и стручно усовршување, учениците од завршните години се пред најголемиот предизвик.
„Како матуранти сакаме да разгледаме кои се нашите опции во понатамошниот тек на животот... Пред да се запишеш во било кое средо училиште и факултет, потребно е да се информираш што се случува...“, велат посетителите на саемот.

За безгрижна матурска прослава без сообракајни незгоди, министерството за внатрешни почна кампања со која ќе ја подигнува свеста кај младите.
„Младите да бидат свесни дека несовесното однесување понекогаш може да ги чини живот, посебно во областа на сообраќајот. За жал во изминатата година имавме зголемен број на сообраќајни несреќи со смртни последици кадешто жртви беа токму младите луѓе“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
На саемот за кариера учестувуваат универзитети од САД, Велика Британија, Швајцарија, Германија и многу други коишто нудат стипендии за постдипломски и дипломски студии надвор од земјава.
Деновите на образование и кариера ќе траат до сабота.
Викторија Тодоровска