Истекува рокот на огласот за набавка на силоси
Денеска, 20-ти мај, истекува рокот во кој земјоделците кои сакаат да инвестираат во силоси за житни и за индустриски култури можат да побараат финансиска поддршка од платежната агенција. За чување на добиточната храна право на овие субвенции имаат и сточарите. Објектите треба да се со капацитет до 25 тони.

Со финансиска поддршка од 50 до 75 проценти од вкупната вредност на инвестицијата ќе бидат поддржани производителите на житни култури кои планираат набавка на силоси за складирање на житни и индустриски култури, односно, јачмен,овес, рж, тритикале и пченка.
Вкупните прифатливи трошоци по корисник изнесуваат до еден милиони денари, а парите ќе се исплаќаат по принципот на ко-финансирање.Силосите треба да се со капацитет до максимум 25 тони.
За чување на добиточната храна право на овие субвенции имаат и сточарите.Сточарската фарма треба да е регистрирана во агенцијата за храна и ветеринарство и во министерството за земјоделство.
Апликакциите се пополнуваат електронски со податоци за инвестицијата и за локација, потоа се печатат и заедно со потребната документација се доставуваат во платежната агенција. Барањата се бодуваат, а оние со ист број бодови се рангираат според времето и датумот на поднесувањето.
Земјоделците можат да поднесат само едно барање за една мерка или најмногу две од другите мерки од програмата за рурален развој. Јавниот повик трае до денска, 20-ти мај.
Методија Трајков
