Средби во Софија

Вархеји: Се работи на заемно прифатливо решение за да започнат преговорите во јуни

20.05.2022 08:58

Еврокомесарот за проширување нагласи дека важноста од стабилен и просперитетен Западен Балкан нема цена. Во овој контекст, значаен придонес би бил одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, очекува Софија да се согласи за почеток на преговарачкиот процес со Скопје. Вархеји кој вчера имаше средби со Радев, Петков и Генчовска, на „Твитер“ соопшти дека се работи на заемно прифатливо решение за да започнат преговорите со Македонија и Албанија во јуни.

„Разговаравме за директните последици од војната во Украина за Западен Балкан и пошироко. Работиме на заемно прифатливо решение за да можеме да ги започнеме преговорите со РС Македонија и Албанија со одржување на меѓувладина конференција во јуни“ соопшти Вархеји по средбата со министерката за надворешни, Генчовска.

Еврокомесарот за проширување нагласи дека важноста од стабилен и просперитетен Западен Балкан нема цена. Во овој контекст, значаен придонес би бил одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија.

Треба да работиме на ова заедно. За три недели ќе се вратам во Софија за да најдеме заеднички основа и поддршка од Бугарија, за да го започнеме преговарачкиот процес со Република Северна Македонија во јуни“, пишува еврокомесарот Вархеји.