Сообраќај

МВР: 180 сообраќајни прекршоци во Скопје

20.05.2022 09:03

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 12 мерки за возење без возачка дозвола, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 12 мерки за возење без возачка дозвола, информираат од МВР.

Изречени се 11 мерки за користење на мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за некористење сигурносен појас...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апел од МВР до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.