Свет

Канада го забрани пристапот на „Хуавеј“ до 5Г мрежата

20.05.2022 09:34

Владата на канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи да го забрани пристапот на кинеската меѓународна корпорација „Хуавеј технолоџис“, најголемиот светски производител на комуникациска опрема, до следната генерација мобилни мрежи во Канада...

Владата на канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи да го забрани пристапот на кинеската меѓународна корпорација „Хуавеј технолоџис“, најголемиот светски производител на комуникациска опрема, до следната генерација мобилни мрежи во Канада.

Развојот на 5-Г мрежата, т.н. мрежи од „петтото поколение“, ќе им овозможи на корисниците побрзи интернет врски.

Тоа ќе обезбеди огромен капацитет за податоци како одговор на сè поголемата побарувачка на тоа поле, бидејќи сè повеќе работи се поврзани на интернет и се појавуваат иновации како виртуелната реалност, сè пософистицирани видеоигри и самоуправувачки возила.

Одлуката ја потврди и портпарол на министерот за јавна безбедност на Канада.