Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ врачена на Игор Џамбазов
Игор Џамбазов е 15-тиот добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ која му беше врачена на отворањето на новиот театарски фестивал именуван „5ре“ исто така во чест на Прличко…

На Игор Џамбазов на сцената на велешки театар, му беше врачена актерската награда за животно дело „Петре Прличко“. Таа се додели на нововостановениот театарскиот фестивал именуван „5ре“ по неговиот дедо Петре Прличко. Фестивалот е посветен на актуелната театарска продукција во земјава, годинава на комедијата и има ревијален карактер.
Џамбазов при добивањето на признанието рече дека ова е за него најсреќниот ден во последните 15-тина години, исто како моментот кога ја запознал љубовта на неговиот живот, Илина.
Наградата е парична во висина од 30 илјади денари како и плакета со ликот на Прличко. Џамбазов кажа дека оваа награда и таа посветена на мајка му „Анче Џамбазова“ му се најдрагите во животот.
Актерската награда „Петре Прличко“ се доделува од 2006-тата година и досега ја добиле 15 актери од Македонија, кои оставиле силен траг во македонското глумиште.
Петар Печков
