Токсичните штрудли на „Житопрерада“ ги нема на македонскиот пазар

10.04.2014 15:28

Европската унија ги забрани штрудлите откако било утврдено дека се канцерогени, содржале петпати повеќе охратоксин над пропишаните количества...

Штрудлите со смоква на српскиот производител „Житопрерада“ од Бечеј ги нема на македонскиот пазар. Агенцијата за храна ги повлече сите количини, а на увозникот му забрани да ги продава залихите. 

Откако се појави веста за токсичните штрудли, Агенцијата за храна информираше дека со првичните анализи во штрудлите не е откриена зголемена токсичност. Се чекаат конечните лабораториски резултати.

Веста за зголемената токсичност на штрудлите  со смоква на српскиот производител „Житопрерада“ од Бечеј удри по џебот на останатите производители.

Српскитештрудли „Медела“ на македонскиот пазар се застапени со 60 проценти. Велат нивните производи се со висок квалитет.

„Производите медела, вклучувајќи ги и штрудлите со смоква целосно се безбедни за употреба, бидејќи ги имаат сите сертификати и неопходните анализи. Освен во земјите на балканот ги извезуваме во земјите на Европската унија- Австрија, Хрватска, Романија, Чешка... апсолутно никогаш немало никаква проблематика поврзана со нивна токсичност и нешто друго поврзана со нивната здравствена неисправност“, вели Срѓан Љубич, директор за продажба на „Медела“.

Од српскатата компанија за МТВ тврдат дека нивните производи не се на листата забранети од Европсксата унија. Надлежните инспекциски служби во Србија до „Житопрерада“ од Бечај поднесоа пријава за стопански прекршок.

Спорните штрудли на овој производител се целосно повлечени од продажба во Србија и Словенија.

 

Андријана Атанасовска