Град Скопје
Јавниот превоз на 24-ти мај ќе сообраќа по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено
20.05.2022 11:27
Од 7 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Во вторник (24.05.2022 година), поради државниот празник 24-ти мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници, информираат од ЈСП Скопје.
Од 7 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.
Во вторник, жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, а во понеделник објектот нема да работи.
