Свет

Четворица ранети во напад со нож во Норвешка

20.05.2022 12:15

Според полицијата, изборот на жртвите бил случаен. Кој е мотивот за нападот, засега е непознато. Случајот во полиција бил пријавен утрово во 8:50 часот по локално време...

Најмалку четири лица, од кои едно потешко, се повредени во нападот со нож во Нумедал, југоисточна Норвешка. Напаѓачот е уапсен.

Според полицијата, изборот на жртвите бил случаен. Кој е мотивот за нападот, засега е непознато.

Случајот во полиција бил пријавен утрово во 8:50 часот по локално време.

На местото на настанот интервенирале неколку амбулантни возила и три хеликоптери.