Владата на Шри Ланка на раб на банкрот, демонстрантите блокираат патишта
Властите на Шри Ланка ги затворија училиштата и побараа од владините претставници да не доаѓаат на работа. емјата се обидува да се справи со големиот недостиг на горива што се очекува да потрае...

Властите на Шри Ланка ги затворија училиштата и побараа од владините претставници да не доаѓаат на работа.
Земјата се обидува да се справи со големиот недостиг на горива што се очекува да потрае. Властите соопштија дека ја исклучуваат и електричната енергија по четири часа дневно, бидејќи нема доволно енергија за нормално функционирање на системот за електроснабдување.
Владата на земјата што се наоѓа на раб на банкрот, последните месеци имаше големи потешкотии да најде пари за увоз на деривати.
Демонстранти ги блокираа главните патишта, а телевизиските станици објавуваат информации за тепачки во одредени делови на земјата.
