Статистика

Просечната плата во март 31.080 денари

20.05.2022 13:01

Ова се должи на зголемувањето на просечната нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување за 21,4 насто, уметност, забава и рекреација за 20,2 проценти и објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 19,5 насто – соопштуваат од ДЗС.

Просечната плата во март изнесува 31.080 денари - објави Државниот завод за статистика. Во однос на истиот месец лани е зголемена за 10,1 процент.

Ова се должи на зголемувањето на просечната нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување за 21,4 насто, уметност, забава и рекреација за 20,2 проценти и објекти за сместување и сервисни дејности со храна  за 19,5 насто – соопштуваат од ДЗС.

Зголемување на платите по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување, рударство и вадење на камен и преработувачка индустрија.