Македонија

Матурска парада на плоштадот во Скопје

20.05.2022 13:42

Исправете се и покажете му на светот што знаете, не се откажувајте од успехот, ваква порака им беше испратена на матурантите од повеќе средни училишта на плоштадот во Скопје. Оваа година покрај скопските матуранти на „Матурската парада“ учествуваа и матурантите од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора...

Исправете се и покажете му на светот што знаете, не се откажувајте од успехот, ваква порака им беше испратена на матурантите од повеќе средни училишта на плоштадот во Скопје точно напладне кога традиционално и синхронизирано го одиграа танцот „Квадрил“. А, тие ги споделија идните планови за продолжување на образованието.

Единствениот начин за неуспех е откажувањето, а со секој ваш пад вие сте само чекор поблиску до посакуваниот успех. И градоначалничката Арсовска со порака до матурантите.

Оваа година покрај скопските матуранти на „Матурската парада“ учествуваа и матурантите од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, црна гора.

Откако постои „Матурската парада“ низ годините на ниво на цела држава, во неа зеле учество над 500.000 матуранти.

Александра Спировска