Завршува Топ 16 фазата од Евролигата
Во кошаркарската Евролига вечерва се играат 5 натпревари од последното 14 коло во Топ 16 фазата. Три од нив се во “Е“ групата, и тоа дуели меѓу екипи од исти земји. Во турското соочување на клубовите од Истанбул Фенербахче Улкер во кој игра нашиот репрезентативец Бо Мекејлебго дочекува Анадолу Ефес, во вечниот Грчки двобој Олимпијакос му е домаќин на Панатинаикос, а во шпанскиот меч Барселона ќе ја пречека екипата на Лаборал. Без оглед на резултатите од последното коло, екипите на Барселона, Емпорио Армани и двата Грчки клуба се сигурни учесници во четвртфиналето.

Во “Ф“ групата во директен дуел за место меѓу осумте најдобри, Локомотив Кубан игра со Баерн Минхен, а во дербито Макаби ја пречекува ЦСКА Москва, во меч за меѓусебен престиж. Без оглед на овој резултат и двата тима се меѓу осумте најдобри, заедно со Реал Мадрид. Единствената непозната е која екипа ќе биде четврторангирана, за што покрај протагонистите на мечот во Краснодар конкурира и Галатасарај, кој утревечер му е домаќин на Партизан.