Украина ќе ги анместира проруските демностранти кои ќе го предадат оружјето
Украина ќе ги амнестира проруските демонстранти што ќе го предадат оружјето и ќе ги ослободат окупираните административни згради, вети преодниот претседател. Рокот за разоружување е продолжен до крајот на месецов, и за украинските националисти и за руските сепаратисти. Потоа, тие затекнати со оружје ќе бидат сметани за терористи.

Подготвен сум да го потврдам тоа со претседателски указ. Мирот и слогата во земјата се поважни од кругот на конфронтација.- Олександр Турчинов, претседател на Украина
Киев стравува дека акциите на двете страни може да и дадат на Русија изговор за инвазија. Путин претходно ја предупреди Украина да не прави неповратни чекори пред преговорите исток-запад наредната недела во Виена. А денеска Парламентарното собрание на Советот на Европа, кој во нова резолуција ја осуди руската анексија на Крим, разговара кои мерки да ги преземе.
Да и го одземеме на руската делегација правото на глас и на избор на судии во Судот за човекови права, на Генерален секретар на Советот, но и во комитетите и во Собранието.- Стефан Шенак, пратеник од Австрија
НАТО најави можност да распореди војска во источните членки кои се чувствуваат загрозено и побара Русија да ја повлече војската ако ја интересираат преговори.
Додека ви зборувам, 40 илјади руски војници се распоредени на руската граница. Не вежбаат, туку се подготвуваат за војна. - Андерс фог Расмусен, генерален секретар на НАТО
Од Москва дојде одговор –НАТО ја користи кризата во Украина за да го опрада своето постоење и да ги зголеми барањата од членките.