СЗО

Итен состанок за мајмунски сипаници

20.05.2022 19:08

Според извештаите, двојно е зголемен бројот на заболени со заразните мајмунски сипаници во Велика Британија. Мајмунските сипаници последниве денови се шират во Европа, а првите случаи се потврдени во Франција, Италија, Шведска, како и во Канада и во Австралија...

Светската здравствена организација на итен состанок за тековната епидемија на мајмунски сипаници. Според извештаите, двојно е зголемен бројот на заболени со заразните мајмунски сипаници во Велика Британија. Мајмунските сипаници последниве денови се шират во Европа, а првите случаи се потврдени во Франција, Италија, Шведска, како и во Канада и во Австралија.

Првиот пациент кој добил мајмунски сипаници на 7-ми мај отпатувал во Нигерија, од каде се верува дека е заразен, пред да се врати во Англија. Симптомите вклучуваат треска, главоболки и осип на телото кој почнува на лицето и се шири на други делови од телото.

„Сакаме луѓето да бидат свесни за загриженоста. Она за што сме загрижени е продолжен близок контакт и тоа може да се случи во кој било различен тип на амбиент, тоа е важно да се запамети“, изјави Д-р Женевиев Бержерон, главен офицер за инфективни болести во Монтреал.

„Ќе ги ставиме на сила заштитните мерки за да го прекинеме синџирот на пренос, но сега не мора да паничиме. Тоа не е нешто што се добива во продавница или во јавниот превоз“, изјави Д-р Милен Друен, директор за Јавно здравје во Монтреал.