Ракомет

Двајца нови ракометари во Вардар

20.05.2022 19:22

Португалецот Жилберто Дуарте и Русинот Павел Андреев во наредната сезона ќе дојдат во Скопје како засилувања на левата бековска и на пикерската позиција..

Освоените пехари во спортот нужно не значат задржување на работното место. Вардар прави ремонт на екипата иако со Давид Дејвис на клупата и со сегашниот играчки кадар веќе се радуваше во ракометниот куп на Македонија, а црвено-црните се блиску и до шампионскиот престол.

Португалецот Жилберто Дуарте и Русинот Павел Андреев во наредната сезона ќе дојдат во Скопје како засилувања на левата бековска и на пикерската позиција. 31-годишниот Дуарте за Португалија даде 91 гол на 283 натпревари, а во 2021-ва/22-ра за Монпелје постигна 25 погодоци во Лигата на шампионите. Претходно играше за Порто, за Висла Плоцк и за Барселона, додека, пак, Андреев досега го носеше дресот на Чеховски Медведи и беше во руската селекција на Европското првенство 2020.

Покрај Дуарте и Андреев, за Вардар потпишаа и Словенецот Нејц Цехте на десен бек, како и централниот Божо Анчелиќ, а јасно е дека Скопје ќе го напуштат браќата Њокас и Тото, можеби Валчак. „Спорт 1“ пишува дека е неизвесна и судбината на тренерот Давид Дејвис.