НБА

Бостон го врати ударот против Мајами

20.05.2022 19:29

Бостон израмни на 1-1 во финалето на истокот против Мајами откако славеше со 127-102 на гостински паркет во вториот натпревар од серијата...

Бостон израмни на 1-1 во финалето на истокот против Мајами откако славеше со 127-102 на гостински паркет во вториот натпревар од серијата.

Смарт и Хорфорд се вратија во тимот на 17-кратниот првак, а Тејтум постигна 27 коша, Браун 24, Смарт исто толку со напомена дека беше блиску и до тројно двоцифрено остварување, па таквиот колективен придонес на Бостон му донесе резултатска рамнотежа во пресрет на наредните две средби пред своја публика во Гарден.

Џими Батлер со 29 поени немаше соодветна поддршка од соиграчите, па Мајами ја загуби предноста на домашната сала. На западот, ноќва е закажана втората пресметка меѓу Голден Стејт и Далас. На првата се радуваше Голден Стејт.