Aло докторе –нов проект на Министерството за здравство

10.04.2014 16:54

Доктори и медицински сетри ќе делат совети на пациенти преку телефон 24 часа-седум дена во неделата

До крајот на 2015 година треба да се формира повикувачки центар за советодавни услуги и упатства за сите граѓани на Р.М. Тој ќе им послужи на пациентите кои што немаат потреба од итен третман, во случаи на настинки, покачена температура, главоболки и слично-најави актуелниот министер за здравство Никола Тодоров на партиска прес конференција ,како дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Идејата е да се вработат најмалку по 10 доктори  и медицински сестри што ќе им помагаат на пациентите со совети што да направат за да го решат проблемот без да одат во здравствена установа. Ваков тип проекти се спроведуват во неколку развиени здравствени системи-рече Тодоров , а искуството е позитивно зашто се намалу бројот на пациентите во болниците и во амбулантите.

С.С