Свет
Експлозија во близина на аеродромот во Женева
21.05.2022 09:26
Експлозија и пожар во близина на женевскиот аеродром. Сите слетувања се откажани, додека за полетувањата, поединечно одлучувале пилотите...

Експлозија и пожар во близина на женевскиот аеродром.
Очевидци на настанот наведуваат дека прво слушнале силна експлозија, по што избувнал пожар.
Сите слетувања се откажани, додека за полетувањата, поединечно одлучувале пилотите.
Според портпаролот на вториот најфреквентен аеродром во Швајцарија, Игнас Јанера, бил запален новиот прифатен центар за азиланти, кој се реконструирал.
