СИРИЈА
Напад во Дамаск, загинаа три лица
21.05.2022 09:36
Три жртви во воздушен напад од Израел. Од сириското Министерство за одбрана соопштија дека е предизвикана и материјална штета...

Три жртви во воздушен напад од Израел.
Од сириското Министерство за одбрана соопштија дека е предизвикана и материјална штета.
Според локалните медиуми, кај меѓународниот аеродром во Дамаск избувнал пожар поради што беа одложени два лета.
Израел со години ги интензивира нападите врз цели во Сирија, поврзани со Иран и либански Хезболах кои го поддржуваа претседателот Ал Асад, во граѓанската војна од 2011 година.
