Свет

СЗО: Мајмунски сипаници потврдени во 11 земји

21.05.2022 09:40

СЗО предупреди дека очекува зголемување на бројот на држави на листата. Инфицирани се регистрирани во САД, Канада и во неколку европски земји, вклучувајќи го и Обединетото Кралство каде што беше пријавен првиот случај...

Мајмунски сипаници се потврдени во 11 земји.

СЗО предупреди дека очекува зголемување на бројот на држави на листата.

Инфицирани се регистрирани во САД, Канада и во неколку европски земји, вклучувајќи го и Обединетото Кралство каде што беше пријавен првиот случај. Мајмунските сипаници се честа појава во изолираните делови на Централна и Западна Африка.

Заразата не се шири лесно меѓу луѓето. За борба со инфекцијата, може да се користи вакцината за малите сипаници која дава 85 процентна заштита поради сличноста меѓу двата вируси.