Свет
Жртви во торнадо во западниот дел од Германија
21.05.2022 11:04
Неколку загинати и десетици повредени во торнадо во Падерборн, западна Германија. Предизвикана е и значителна материјална штета и на градот во покраината Северна Рајна Вестфалија...

Неколку загинати и десетици повредени во торнадо во Падерборн, западна Германија.
Предизвикана е и значителна материјална штета и на градот во покраината Северна Рајна Вестфалија, кој го зафати невреме што се појави по невообичаено високите температури за овој период од годината.
Германската метеоролошка служба вчера објави дека ударите на ветерот на места достигнуваат брзина од 130 км/ч.
