Македонија

Пожар кај старата фабрика „Комуна“

21.05.2022 11:57

По интервенција на противпожарната екипа со девет возила и 20 пожарникари огнот брзо е ставен под контрола, соопшти командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Томески...

Изутрината избувнал пожар кај старата фабрика на Комуна.танува збор за магацински простор каде што е запален пластичен материјал.

По интервенција на противпожарната екипа со девет возила и 20 пожарникари огнот брзо е ставен под контрола, соопшти командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Томески.

Дежурна противпожарна екипа го надгледува теренот.