Доцни сеидбата на оризот на дел од Кочанско поле
Околу илјада хектари од површините планирани за сеење на ориз сè уште не се наводнети. Сеидбата доцни, земјоделците стравуваат од слаб и неквалитетен род. Од Водостопанство „Брегалница“ со најава дека проблемот ќе биде надминат за неколку дена...

Дотраените канали за наводнување во дел од Кочанско поле е причина за доцнење на сеидбата на оризот на околу илјада хектари во атарот на селата Тркање, Жиганци, Бања и Соколарци. Кога сеидбата доцни, родот е слаб – велат земјоделците
Од Здружението на оризопроизводители апелираат до Водостопанство „Брегалница“ да ги санира каналите и заради доцнењето на водата да бидат ослободени од плаќање воден надоместок
Ниската откупна цена и понатаму е најголемиот проблем на оризопроизводителите
Од управата на Водостопанство „Брегалница“ велат дека полето се наводнува каскадно и дека во поголем дел сеидбата на оризот е завршена, а овие последни околу илјада хектари ќе бидат под вода до четврток. Годинава оризот во Кочанско е застапен на околу четири ипол илјади хектари.
Славица Величковска
