Македонија

Мобилна апликација за параметри на почвата, иновација на студенти од Тетово

21.05.2022 13:39

Индивидуалните земјоделци и задругите преку мобилна апликација ќе можат во реално време да добиваат податоци за параметрите на почвата, кои ќе овозможат поефикасно планирање и обработка на земјоделските површини. Благодарение на двајца тетовски студенти – иноватори, уредите ќе мерат 10 параметри на земјата, а ќе бидат достапни за комерцијална употреба од октомври годинава...

Влажност на почвата, количината на азот, фосфор, ПХ вредност, отсега земјоделците ќе можат да ги добиваат на мобилна апликација, преку овие уреди поставени на нивните ниви кои работаат на сензори.

Иновацијата на студентите од Тетово, Филип и Горјан, ќе овозможат подобро планирање и менаџирање. Кој земјоделски продукт за која парцела највеќе одговора, што и недостасува на почвата, со цел поголем род и поквалитетен производ.

Предноста е што податоците земјоделците ќе ги добиваат на мобилна апликација во реално време, а уредите се самоодржливи и можат да се постават на места каде и нема достапност на електрична енергија. Иновацијата е уникатна но и универзална. Освен во земјоделскиот, може да се користи и во други сектори.

Тетовските иноватори Горјан и Филип во својот изум се поддржани Фондот за иновации. Преку програмата за самовработување отвориле и своја фирма. Уредите ќе бидат достапни за комерцијална употреба од октомври годинава.

 

Зоран Димовски