Ребаланс на Буџетот: 76 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството
Растот проектиран на 3,2, инфлацијата на 7,2 проценти, дефицитот 5,3 проценти од БДП - Владата го скрои ребалансот на буџетот. Вкупните приходи се на ниво од 245,8 милијарди денари. Расходи, пак, е 288,5 милијарди денари. Се очекува побарувачката да биде главен двигател на растот. Влијанието на ценовните притисоци врз доходот на домаќинствата ќе биде неутрализиран преку зголемената минимална плата, зголемените пензии, но и преку други владини мерки за ублажување на ефектите од ценовниот шок...

76 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството. Министерот Бесими го презентираше предлогот за ребаланс на Буџетот.
Со него се планирани и дополнителни 52 милиони евра за субвенции за земјоделците, а се обезбедуваат и пари за повисоки пензии и плати на наставниците, но и за субвенционирање на минималецот.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот, информираше Бесими.
Износот на вкупните планирани расходи, е 288,5 милијарди денари.
Дефицитот и отплатата на надворешниот и на домашниот долг од 54,5 милијарди денари ќе се сервисира преку задолжување од околу 700 милиони евра.
Бесими очекува растот на економијата годинава да изнесува 3,2% додека буџетскиот дефицит е проектиран на 5,3 проценти од БДП.
Стапката на инфлацијата се очекува да биде 7,2 насто, а растот на просечната нето-плата би изнесувал
Анита Димитријевска Велковска
