Македонија

ИТ индустрија: Неусогласеност помеѓу побарувачката и достапни мотивирани професионалци

21.05.2022 17:47

ИТ индустријата во Македонија се соочува со неусогласеност меѓу побарувачката и достапноста на професионален кадар. Преку бесплатната академија на компанијата „Скелфокус“ младите луѓе може за брзо време да се здобијат со информатички вештини и да ја започнат нивната ИТ кариера, токму во Македонија. Во моментов тече повикот за аплицирање на „„Скелфокус““ академијата до 31-ви мај...

Македонската ИТ индустрија се соочува со неусогласеност помеѓу побарувачката и достапноста на мотивирани ИТ професионалци кои најчесто се иселуваат и ја градат својата кариера надвор од Македонија. Ова е сликата на единствената индустрија во земјава која има одржлив раст со висока динамика.

Младите кои сакаат да постигнат успех во овие високо платени стопански гранки, мора постојано да се надградуваат и да учат. Компаниите најчесто се подготвени да инвестираат во дообука на вработените, ама не и во елементарна обука, која ја нуди бесплатната академија „Скелфокус“. Во моментот тече повикот за аплицирање на академијата до 31-ви мај.

Домашната информатичка технологија остварува солидни приходи и го полни буџетот за овој сектор постојано да расте. Сепак, во споредба со земјите од југоисточна Европа, ИТ пазарот во Македонија е многу мал. Поголем приход имаме само од Албанија.

Главниот фактор кој го ограничува растот на ИТ секторот во Македонија е токму недостигот на квалитетен кадар. Акцент треба да се стави врз подигнувањето на квалитетот на образованието, согласни се информатичките професионалци.

 

Ана Ј. Тодоровска