Прилеп: Туристичка понуда на богатото културно наследство
Прилеп стана првиот град во земјава, член на асоцијацијата за дојдовен туризам. Има туристичка програма, богата фестивалска и културна понуда која треба да се истакне, сметаат туристичките водичи. Неопходно е вмрежување на локалните туристички чинители за да ги привлечат посетителите...

Прилеп е прв град во Македонија кој стана членка на Асоцијацијата за дојдовен туризам. Има богата фестивалска, културна, световна, археолошка понуда и по пандемскиот период на замирање, сака да ја обнови и да им ја понуди на домашните и странски туристи.
Туристичките водичи се убедени во одличните услови за развој на туризмот во Прилеп. Препорачуваат поголема афирмација на културното богатство.
Асоцијацијата за дојдовен туризам дава голема можност за вмрежување на локалните туристички чинители.
Асоцијацијата го организира најголемиот настан со промоција на туристичките потенцијали на земјава пред 30-тина странски тур-оператори. Вклучен е и Прилеп.
Елизабета Митреска
