Германците позитивно ја оценија бизнис климата во земјава
Германија е најголем трговски партнер на Македонија со промет од 1,6 милијарди евра. Извозот е во континуиран пораст...

Германските инвеститори се задоволни од бизнис климата во Македонија, покажува истражувањето на Германската стопанска комора која анкетираше 43 компании кои работат во земјава. Од нив, дури 85% се изјасниле дека повторно би инвестирале, очекувајќи висок промет и добивка.
„Македонија е една од малките земји во светот која има трговски суфицит со Германија, Македонија извезува двојно повеќе во Германија отколку што увезува од Германија стоки, тоа е податок на кој можеме да се гордееме, нема многу земји кои имаат суфицит во размената“, изјави Мартин Кнап, претседател на Германската стопанска комора во Македонија.
Сепак, анкетата покажува и дека дел од компаниите ги потенциралејавната администрација, правната сигурност и јавните набавки како слаби алки каде има простор за подобрување на состојбите.
Вицегувернерката на Народната банка истакна дека германските компании се од особена значајност за македонската економија, потенцирајќи дека има потенцијал за поголем број германски инвестиции.
„Германија го засилива значењето за наш најзначеане трговски партнер. Во 2008 пред кризата извозот кон германија беше 14% а денес со крај на 2013 извозот кон гермнаија е 36% иоли во апсдолутни 383 милиони евра во 2008 и нлани 1,154 милиони евра“, рече Mаја Kадиевска Војновиќ, вицегувернер на Народна банка.
Германија е најголем трговски партнер на Македонија со промет од 1,6 милијарди евра. Извозот е во континуиран пораст, при што само лани е со вредност од 1,1 милијарда евра.
Соња Јованова Наумовска
