Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител
Игуменот Јоаким Крчовски прогласен за светител. Со канонизацијата во манастирот свети Јоаким осоговски, учителот и просветител Јоаким Крчовски се вброи во светите. Православните верници во ликот на свети Јоаким Крчовски, добија уште еден молитвеник...

По одлуката на светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител.
Со канонизацијата Свети праведен Јоаким Крчовски ќе се вброи во диптихот на светите.
Православните верници во ликот на свети Јоаким Крчовски, добија уште еден молитвеник.
Јоаким Крчовски живеел и проповедал, учителствувал, просветувал, богослужел и бил богоугоден подвижник на преминот меѓу 18-ти и 19-ти век.
Тој е автор на првата книга отпечатена на народен македонски јазик, во 1814 година.
На канонизацијата присуствуваа и голем број верници, сега во манастирот покрај моштите на светецот Јоаким Осоговски ќе бидат и моштите на Свети Јоаким Крчовски.
23-ти мај е одреден за ден на прославување на ликот и делото на Крчовски.
Билјана Јанакиеска
