Свет

СЗО: Насоки за намалување на ширењето на мајмунските сипаници

22.05.2022 12:17

Во летните месеци се очекува зголемување на бројот на заразени. Според СЗО, епидемијата била предизвикана преку сексуален однос. Последните инфекции се пријавени во Израел и Швајцарија...

СЗО работи на насоки за намалување на ширењето на мајмунските сипаници.

Во летните месеци се очекува зголемување на бројот на заразени. Според СЗО, епидемијата била предизвикана преку сексуален однос.

Мајмунските сипаници досега беа најзастапени во западна и централна Африка. Првпат биле регистрирани во Конго во 70-тите години на минатиот век. Сега се евидентирани во 14 земји.

Последните инфекции се пријавени во Израел и Швајцарија. Во Грција се испитува можен случај.