КИНА

Пекинг е против учество на Тајван на собранието на СЗО

22.05.2022 12:25

„Секој обид да се игра на картата на Тајван, со цел да се ограничи Кина ќе биде осуден на пропаст“, предупреди кинеското МНР. тејт департментот претходно соопшти дека на островот треба да му се дозволи да присуствува на собранието на СЗО следната недела...

„Секој обид да се игра на картата на Тајван, со цел да се ограничи Кина ќе биде осуден на пропаст“, предупреди кинеското МНР.

Стејт департментот претходно соопшти дека на островот треба да му се дозволи да присуствува на собранието на СЗО следната недела, истакнувајќи дека исклучувањето на барање на Кина е неоправдано и предизвикува загриженост за глобалното здравје.

Пекинг е против учеството на Тајван на годинешното собрание за да го заштити својот национален суверенитет и територијален интегритет.