Битола: Иселениците во посета на родните места
По двегодишната пауза поради пандемијата, летово дел од нашите иселеници повторно во посета на родните огништа. Радоста се чувствува и кај најблиските, но и кај чинителите на битолската локална економија. Велат, по враќањето на пограничните грчки купувачи, ова дополнително ќе ја ублажи тешката економска состојба...

Летово, дел од нашите иселеници од прекуокеанските и европските земји, по двегодишните пандемски случувања, повторно во посета на родните огништа. Радоста се чувствува и кај најблиските, но и кај чинителите на битолската локална економија. Велат, по враќањето на пограничните грчки купувачи, ова дополнително ќе ја ублажи тешката економска состојба.
Се потврдуваат најавите дека дел нашите иселеници или нивните потомци, посебно од прекуокеанските земји, по две години пандемска пауза ја продолжуваат традицијата во летниот период да се посетат родните огништа, а помладите да осознаат од каде потекнуваат нивните корени. Од следниот месец, според неколкугодишната нововоспоставена традиција, во битолските хотелчиња ќе отседнат првите гости.
Најчесто на база на ноќевање со појадок, велат, се изнајмуваат соби додека трае нивниот престој. Преку денот во посета на најблиските, историско туристичките центри, задоволување на стоматолошките или други потреби.
Ако ги додадеме и нашинците кои ќе допатуваат од европските земји, тогаш слободно може да се каже дека локалната економија ќе дише со поинаков ритам, барем до „Илинден“, кога по традиција се враќаат во земјите каде одамна заминале.
Стевче Митревски
