Велес има современо кино кое две години е затворено
Иако во реновирањето и опремувањето на салата „Бели мугри“ во киното, локалната власт потроши 67 илјади евра, таму се прикажа еден филм, свечено се отвори оттогаш е две години затворена. Градоначалникот Колев, најавува дека работат правно да се реши статусот и киносалата да почне да прикажува филмови...

Велес, пред две години доби современо уредена кино сала со најсовремена опрема. Тоа беше инвестиција од 67 илјади евра со која се преуреди поранешниот Пионерски дом, сега салата Бели Мугри, која е во рамките на Градската библиотека. Но, толку време таа стои неискористена, а салата празна, ниту се прикажуваат, ниту публиката има можност да гледа нови хит филмови. Се разгледуваат варијантите, правно како да се реши статусот на салата и опремата, велешани да гледаат нови хит филмови.
Но, две години, освен премиерно прикажување на еден филм, македонскиот „Стела“, ништо друго не се случува. Јавноста во дилеми, зошто толку пари се вложени, а нема ништо од користењето на киното и проектирањето на филмови. Од април 2013-та, по добивањето на дигитален кинопроектор, филмови, пред сè, македонски, но и ревии на новиот француски и германски филм, се прикажуваа во Велешкиот театар. Откако во 2018-та проекторот се расипа, во Велес престанаа да се прикажуваат филмови,
Киносалата располага со дигитален кинопроектор, перфориран екран за киноприкажување од 27,5 м2 и сараунд систем за озвучување. Салата има капацитет за 240 гледачи.
Петар Печков
