Македонија

Кампот Треска, некогаш туристичка приказна, денес депонија

22.05.2022 14:00

Руинирани камп приколки, завиени во пајажина бунгалови, распаднат ресторан, рецепција, депонии и грмушки. Ваква слика ќе ве дочека денес во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро. Кампот „Треска“ 25 години препуштен на забот на времето...

Кампот „Треска“ 25 години препуштен на забот на времето. Руинирани камп приколки, завиени во пајажина бунгалови, распаднат ресторан, рецепција, депонии и грмушки. Ваква слика ќе ве дочека денес, во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро. На само два километри јужно од селото Радожда, на границата со Албанија, некогаш, една од најубавите камп приказни во земјава.

Првиот човек за туризам, вели, автокамповите се подзаборавени, во следниот период мора да се инвестира во развој на камп-туризам.

„Локацијата на автокамповите кои се на струшко охридската ривиера не се случајни тие се токму избрани според инфраструктурата и се она што е потребно. Потребен е циклус на нивно категоризирање но и приспособување на новите законски легислативи од 2014 година и некако низ годините поради хотелските капацитети ги подзаборавивме“, вели Јаневски, Љупчо Јаневски директор на АППТ.

Во светот расте бројот на туристи кои патуваат со камп приколки, трејлери и други камперски средства. Во Европа, од овој сегмент се остваруваат милијарди евра годишно.

„Се надевам дека во многу брзо време ќе почнеме еден циклус на автокампови и повеќе вложувања во тој сектор, бидејќи според некои мои истражувања, приближно околу милион ноќевања може да се генерираат и на таков начин“, вели Јаневски.

Светската кампинг асоцијација смета дека државата, неопходно е да има посериозен пристап кон подобрување на условите за развој на овој вид на туризам.

Соња Рилковска