Белгија задволна од намалениот број лажни азиланти
Во Брисел, македонската и белгиската министерка Гордана Јанкулоска и Жоан Милке
Во Брисел, македонската и белгиската министерка Гордана Јанкулоска и Жоан Милке потпишаа договор којшто овозможува формирање заеднички истражни тимови за сузбивање на сајбер-тероризмот, класичниот тероризам, недозволената трговија со дрога, со оружје и со луѓе, како и продлабочување на полициската соработка во областа на организираниот криминал. Со овој договор, според Милке, сега може да се почне со преговори за подготовка на конкретен акциски план. Белгискиот министер за внатрешни работи е задоволен од преземените мерки против лажните баратели на азил– “Македонија направила големи напори за реформи во овој дел и во моментов нема зголемување на луѓе што доаѓаат во Белгија и бараат азил“, смета Милке.
