Повредените од пожарот во хотел „Буши“ пуштени на домашно лекување
Луѓето кои беа хоспитализирани поради вдишување чад во пожарот во хотелот „Буши“, по укажаната медицинска помош се во добра состојба. Речиси сите се пуштени на домашно лекување. Единствено, таму е задржан пожарникар, кој интервенирал за ставање на огнената стихија под контрола. Но, тој, како што информира дежурниот лекар, е во добра состојба и наскоро ќе си оди дома...

Луѓето кои беа хоспитализирани поради вдишување чад во пожарот во хотелот „Буши“, по укажаната медицинска помош се во добра состојба. Речиси сите се пуштени на домашно лекување. Отпусно писмо добиле седум повредени кои завршиле на Клиниката за токсикологија. Единствено, таму е задржан пожарникар, кој интервенирал за ставање на огнената стихија под контрола. Но, тој, како што информира дежурниот лекар е во добра состојба и наскоро ќе си оди дома.
Во моментов, нема пациенти во Градската општа болница „8-ми септември“. Таму по пожарот во хотелот биле примени четворица.
По избивањето на пожарот, дел од гостите во хотелот со главоболки и потешкотии во дишењето побарале помош скопските болници. Според изјавите на екипите на итната медицинска помош, лекарите интервенирале кај 28 луѓе. Десетици вдишале чад но, не биле во критична состојба за да бараат помош во дежурните центри. Истрагата треба да покаже што е причина да се запали објектот.
Анита Димитријевска Велковска
