Македонија

Одложен штрајкот на професионалните војници, даваат шанса на дијалогот

22.05.2022 16:34

„Ова е логичен чекор откако постигнавме консензус за измените во законот за служба во армијата“, коментира Министерството за одбрана, откако викендов, министерката Петровска имала средба со синдикатите, по што дојде до промена на одлуката за поставување шатори пред владата...

По викенд – средбата со министерката за одбрана за Законот во служба на армијата, Независниот синдикат на професионални војници го стави штрајкот во мирување. Даваат шанса на дијалогот и простор да се реализираат барањата преку законски измени.

„Ова е логичен чекор откако постигнавме консензус за измените во законот за служба во армијата“, коментира Министерството за одбрана, откако викендов, министерката Петровска имала средба со синдикатите, по што дојде до промена на одлуката за поставување шатори пред владата.

На средбата е договорено, измените на законот, коишто предвидуваат повисоки плати, можност за повисока отпремнина, дефинирано право за остварување пензија и прераспределба на професионални војници со навршени  45 години, иднава недела да се најдат на владина седница.

 

Ана Ј. Тодоровска