Утре во Рим, средба помеѓу Ковачевски и Петков
И двете делегации заминаа за Рим и Ватикан, за денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Останува неизвесно, дали Ковачевски и Петков можат да направат или да објават некаков напредок во разговорите за укинување на бугарското вето на нашиот евроинтегративен пат...

Владите во Скопје и Софија потврдија, утре во Рим ќе има средба помеѓу македонскиот и бугарскиот премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.
И двете делегации заминаа за Рим и Ватикан, за денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Останува неизвесно, дали Ковачевски и Петков можат да направат или да објават некаков напредок во разговорите за укинување на бугарското вето на нашиот евроинтегративен пат.
Ковачевски утре ќе има средба со папата Франциск, по што нашата делегација ќе има аудиенција кај неговата светост. Потоа, во вторник, ќе се одржи молебен во чест на Св, Кирил.
Инаку, освен со Петков, Ковачевски ќе се сретне и со премиерот на Италија, Марио Драги.
