Наскоро огласи за државно земјоделско земјиште
Министерството за земјоделство подготвува 4 нови огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште. Парцелите се со големина до 3 хектари и се наменети за подигнување на долгогодишни насади, за поставување на пчелни сандаци, рибници и за рурален туризам. Понудени ќе бидат скоро 4.300 хектари...

На четири јавни огласи ќе се нуди под закуп државно земјоделско земјиште до 3 хектари.
Парцелите се наменети за подигнување на долгогодишни насади и оранжерии за период до 30 години, за насади со лешник до 70, за маслинарници до 50, а за поставување на пчелни семејства, и ливади за период до 15 години. На површините може да се инвестира и во рибници, спортско-рекреативни активности и во рурален туризам.
Вкупната површина на новите четири јавни огласи кои треба наскоро да бидат објавени, под закуп се нудат скоро 4.300 хектари државно земјоделско земјиште во 31 регион низ државата.
Во текот на овој месец министерството за земјоделство ќе објави и уште два нови јавни огласи за закуп на парцели поголеми од 3 хектари.
На едниот ќе се понуди земјиште за одгледување на добиточна храна, а на другиот површините ќе може да се користат за сите видови производство и намени.
На последниот оглас за земјиште поголемо од 3 хектари, се пристигнати 235 апликации за 5.700 хектари за производство на житни култури.
Методија Трајков
