СПЦ во посета на МПЦ-ОА: Порфириј и Стефан на заедничка литургија во Соборниот храм
Во посета на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија денеска ќе престојува делегација на Српската Православна црква предводена од неговата Светост, српскиот патријарх г. г. Порфириј...

Во посета на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија денеска ќе престојува делегација на Српската Православна црква предводена од неговата Светост, српскиот патријарх г. г. Порфириј.
Заедно со архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан ќе служат божествена литургија во Соборниот храм.
На заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19-ти месецов во Соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.
